Предложен притвор за лице осомничено за насилство во скопски ресторан
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело насилство според член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека постои основано сомнение дека 40-годишниот скопјанец, на 28 ноември во ресторан на улицата „Лондонска“, најпрво започнал вербална расправија со едно лице, а потоа и физички го нападнал.
– Кога неколку други лица се обиделе да ги раздвојат, осомничениот извадил нож на расклопување и на едно од присутните лица кои се обидувале да го оттргнат му нанел четири убодни рани со кои му предизвикал тешки телесни повреди на градниот кош и на раката, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Кај останатите присутни во ресторанот осомничениот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.
– Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците во постапката, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје