Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
Од владината прес-служба информираа дека на денешната седница ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда во врска со разрешувањето на државниот обвинител Коцевски, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
„Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.
Министерството за правда верува дека Коцевски треба да биде разрешен заради како што наведуваат, низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно порачува дека Коцевски треба да биде разрешен бидејќи, како што велат, тој е дел од политичката архитектура на СДСМ и ДУИ во судството, но и незаконски поставува и разрешува кадри. Опозициската СДСМ е против неговото разрешување, сугерирајќи дека тоа би било партизација во обвинителството.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд