Предлогот пристигна, но се уште нема закажано седница за избор на Пенов за министер за локална самоуправа
– Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи пленараната собраниска седница за негов избор.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на оваа позиција откако досегашниот министер Горан Милевски од лични причини поднесе оставка.
Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности.
Засега официјално на веб страната на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.
Нова собраниска седница Џафери од поодамна има закажано за 17 октомври.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот