Предлог-законот за рамномерен регионален развој на владина седница
На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на денешната 28-ма седница ќе ги разгледа Предлог-законот за рамномерен регионален развој и Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030 година.
Во рамки на денешната седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разгледуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните и од владината програма, министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на предлог на Министерството за надворешни работи.
За заклучоците и одлуките од владината седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години