Македонија
2. November 2017 - 8:45

Предавање за влијанието на насилството врз децата и адолесцентите

-  „Познато лице-Насилството во животот на децата и адолесцентите“ е тема на предавањето на  претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс што ќе го одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.
 
Во текот на предавањето ќе бидат презентирани нови глобални податоци за распространетоста на насилството врз децата и негативните искуства од детството со цел да се добие претстава за големината на проблемот.
 
Предавањето ќе вклучи презентација на истражувања и нови докази од невронауката и психологијата за да се покаже директната поврзаност меѓу нивото на негативни искуства во детството со успехот во животот на возрасните.
 
Ќе бидат презентирани начините за спречување на негативните искуства во детството и поддршка на на жртвите од негативни искуства во детството, вклучувајќи интегрирани системи за заштита на децата, подобро опремени образовни системи и надминување на јавното табу околу оваа тема.