Македонија
22. April 2016 - 8:38

Предавање за ретки болести наменето за медицински персонал

Националната алијанса за ретки болести на Македонија организира предавање со цел да се подигне свеста кај стручната медицинска јавност за овие болести и нивно рано дијагностицирање.

Предавањето ќе се одржи во Декананот на Медицинскиот факултет, а на него најавено е присуство на доктори од повеќе клиники.

Националната алијанса за ретки болести постои две години и активно работи на подобрување на квалитетот на живот на пациентите кои се соочуваат со овие болести. Алијансата преку своите 13 организации-членки во моментот покрива над 50 различни ретки болести во Македонија.