Пред самитот на Г20 Анталија претворена во бункер
Дежурен полицаец на секои 50 метри, најнови модели на летечки радари AWACS и патроли на море се дел од зајакнатите безбедносни мерки кои турските власти ги преземаат пред почетокот на самитот на Г20, кој утре и задутре ќе се одржи во летувалиштето Анталија. Зголемените мерки за безбедност се резултат на минатомесечните терористички напади во Анкара со повеќе од 100 мртви и вчерашните напади во Париз, каде се убиени најмалку 128 лица.
Повеќете од 12.000 турски полицајци ќе ги чуваат 13.000 учесници на самитот, меѓу кои и претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Барак Обама, јавува Ал Џезира Балкан.
Само лица со акредитација ќе можат да влезат во „црвената зона“ со 30 хотели, наменети за сместување на учесниците, на кои прозорците се заменети со блиндирани стакла. Во зоната се поставени повеќе од 350 надзорни камери со вградени системи за читање на регистарските возила и за препознавање лица.
Секторот цело време ќе го надлетуваат ултрамодерни летечки радари, а ловци Ф16 ќе бидат во состојба на подготвеност да интервенираат доколку биде потребно. По морето ќе патролираат бродови на крејбрежната стража.
Ново на Сител
-
Кичево: Со „опел“ прво удрил во паркирано возило а потоа и во пешак
-
Тешко повреден пешак откако скопјанец со „голф“ удрил во него
-
На ГП „Табановце“ уапсен Албанец - пробал да влезе во државава со туѓа патна исправа
-
Полицијата уапси повеќе дилери на дрога - пронајдени таблети, марихуана и прашкаста материја
-
Путин: Распоредуваме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија
-
Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени
-
Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања
-
Спасовски: Група испраќала лажни дојави за бомби и ќе добијат кривични пријави за тероризам