Пред истекот на втората година целосно ќе биде бесплатен јавниот превоз, вели Арсовска
Данела Арсовска во гостување во Tема на денот на ТВ Сител во однос на изборното ветување за бесплатен јавен автобуски превоз, рече дека по Нова година ќе излезат со точни пресметки затоа што во ЈСП „Скопје“ затекнати се, како што рече, катастрофални состојби и голем дел од возилата не биле ставени во функција.
-Прво ќе се направи консолидирање на ЈСП зашто внатре е хаос. Почната е внатрешна ревизија, а ќе има и надворешна за да се види каде се направени огромните долгови кои ЈСП ги има. Најголем дел од средствата што му се дотираат доаѓаат од Град Скопје, тоа е сума од над 12 милиони евра кои се дотираат директно од буџетот на градот, рече Арсовска.
Додаде дека се работи за носечки проект од изборната програма за Скопје и, според ветеното, рече таа, етапно и по категории ќе се воведува бесплатен превоз, за што прво ќе се набавуваат прва транша еколошки автобуси. Конкретен рок на бесплатен превоз таа не прецизираше.
– Кажавме дека пред истекот на втората година целосно ќе биде бесплатен јавниот превоз. Ние, секако, ќе се обидеме тоа да го направиме и пред истекот на овој рок, рече градоначалничката.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители