Свет
7. January 2016 - 14:16

Правел репортажа: Новинар избоден за време на тестирање на панцир

Израелски новинар Еитам лаховер случајно е прободен со нож додека правел репортажа во една продавница за панцири. Лаховер правел репортажа за панцирите и му било предложено да облече панцир и на него да му биде демонстрирано напад со нож. Ножот во меѓувреме го пробил панцирот, па новинарот се здобил со лесни повреди на грбот.