Македонија
9. јуни 2017 - 11:09

Пратеникот Адеми на пленарна сесија на Парламентарното собрание во Загреб

Пратеникот Џеват Адеми учествува на Четвртата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржува во Загреб, Република Хрватска.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на сесијата, што се одржува во рамките на Хрватското парламентарно претседателство со ПСЈИЕ, ќе учествуваат пратеници од 13 земји учеснички во Процесот, како и од меѓународните парламетарни собранија – партнери на ПС на ПСЈИЕ.

Главна тема за дискусија на пленарното заседание е: „Поврзаност-соработка-комуникација: патот напред“. Во рамките на сесијата ќе се одржат седници на трите комиисии и на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ.

Како што се наведува во соопштението, се очекува, на крајот на сесијата членовите на Парламентарното собрание да усвојат Финална декларација, како и извештаите и резолуциите на трите комисии на ПС на ПСЈИЕ.