-->
-->
Пратеник на Сириза: Историски докажано е дека не постои македонска нација
-->

- Навистина време е да се реши тој проблем, бидејќи ние потрошивме многу време од 1992 година за да стигнеме до оваа позиција. Знаеме дека нашиот сосед го користи терминот Македонија од 1945 година. Ние веруваме дека тоа е погрешен термин кој се користи, вели тој за Радио Слободна Европа.
Вели, она за што треба да разговараме е најпрвин дали историски името Македонија може да се користи од нашите соседи. Јас верувам дека тоа е погрешно решение. И потоа ние треба да видиме како да живееме во мир и затоа треба да најдеме второ најдобро решение за сите нас.
Додава дека смета дека е можно решение.
- Слушајте, најпрвин историски докажано дека не постои македонска нација и да започнеме од оваа точка. Во тој контекст треба за сè да разговараме. Но, мора да бидеме убедени дека тогаш кога ќе го сменат името, тоа ќе значи дека ќе треба да сменат, исто така, и многу други прашања кои се поврзани со националниот империјализам или што и да е друго. Во тој контекст, ерга омнес е нешто што е дел од ова определување, кое ќе го гарантира мирот во регионот без прашања кои можат да останат и да провоцираат какви било проблеми во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот