Македонија
14. September 2020 - 13:32

Пратениците никако да почнат со вистинска работа

И покрај  задоцнувањето од речиси 2 часа собраниската седница на која требаше да се изберат работните тела на парламентот се уште не може да почне. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара пред одлуката за персоналниот состав на комисиите која е договорена помеѓу власта и опозицијата треба да се донесе одлука за бројот и видот на собраниските тела и бројот на членовите во нив. 

“Пред одлуката за основање на работните тела, парламентот требаше да донесе одлука за бројот на комисиите, бројот на членовите во нив и одлука за надлежностите на телата па дури потоа да одиме на утврдување на персоналниот состав. Тоа го пишува и во деловникот. Оваа одлука не е работа на координаторите на пратеничките групи. Наша работа беше да го утврдиме само персоналниот состав“ вели Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Од власта пак коментираат дека нема потреба да се носи ваква одлука бидејќи важела одлуката донесена за собраниските тела донесена уште во 201-та година.

“Во одлуката што е пратена до пратениците за составот на комисиите стои дека таа се носи врз основа на деловникот и одлуката за формирање на работни тела од 2017-та година“вели Јован Митревски, координатор на СДСМ.

Парламентот со 67 гласови ЗА, сепак одлучи Собранието да работи по предложениот дневен ред без да ја донесе одлуката која ја бараше опозицијата.

 

Катерина Нешкова