Македонија
7. February 2016 - 16:39

Пратениците на СДСМ се обидуваат да креираат нова политичка криза обвинува владеачкото мнозинство

Со бесмислени и неаргументирани амандмани против формирање на нов универизитет. Социјалдемокартите ја блокираат работата на собраниската комисја за образование. ОД владејачката партија велат,  СДСМ со тешки опсртукции се противи на одлуката за основање на универзитетот за безбедност Дамјан Груев,  целта е да се предизвика нова политичка криза. 984-те амандмани немаат никаква тежина,  тотално се  бесимслени и немаат никаква логика, сметаат од вјадејачкото мнозинство.

На Социјалдемокартите им пречи името на Универзитетот. Но,  не се одлучни за нивниот предлог. Наместо македонскиот револуционер Дамјан Груев, предлагаат десетина други имиња Страхил Гигов, Вера Ацева, Крсте Црвенксовски, Видео Смилевски БАто.

Стотици амандмани се поднесени и за бројот на питомски кои ќе се запишат на годишно ниво.

Поднесени се и 5 амандмани кога законот да стапи во сила и сите со различен тајминг, за да на крај поднесет и амандман со кој се брише тој член од законот.

Од владејчаката партија велат дека СДСМ продолжува да креира тензии кои и одговараат само на нив. Освен опструкции опозицијата расправат ја води и кон физичка пресметка и тоа кон жена пратеник. Целта им е да се исценира насилен инцидент, кој би предизвикал реакција и тензии и би бил прикажан како алиби пред меѓународната заедница , дека нема елементарни услови за спороведување на избори , брифираат од влајдејчката партија.

Пратениците коментираат дека СДСМ вакви инциденти прави на комисии со кои претседава ВМРО ДПМНЕ . Кревањето тензии во собранието е неретка слика кога се ближи датумот за избори.

 Новиот универзитет за безбедност, мир и одбарана Дамјан Груев е предвидено да се состои од 8 факултети. На него би предавале покрај домашни и странски професори, научници со објавени трудови во списанија со импакт фактор.Планот е да се донесат и македонски професори кои веќе држат настава на  врвни старнски универзитети. Најголем дл од нив би биле на правниот и медицсинскиот факултет, на кој наставата ќе се изведува на англиски јазик бројот  на студенти на годишно ниво би бил ограничен до 50.