Пратениците на ДУИ и на Алијанса на Албанците и Алтернатива нема да ја поддржат интерпелацијата на Џафери
Координаторот на пратаеничката група на ДУИ Арбр Адеми денеска изјави дека интерпелацијата поднесена за претседателот на Собранието Талат Џафери од нејзините подносители има дневно политички цели и ДУИ нема да ја поддржи.
-Собранието е пример кој се следи и од другите земји, а за тоа говорат другите, а не само ние, рече Адеми.
На прашањето дали Џафери го прекршил Уставот зборувајќи во странство, како официјална личност, на албански јазик, а не на македонски јазик, Адеми со контрапрашање.
-Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали би го прекршил Уставот? Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно – политички поени, рече Адеми.
-Aлбанскиот јазик во Собранието е преведуван јазик. Ние, пратениците Албанци, не можеме само на албански јазик да поднесеме амандмани. Претедателот на Парламентот материјалите од министерствата често ги прима само на македонски јазик, па потоа ги преведуваат службите. Дипломатскиот кор е многу повнимателен, секогаш се обезбедува превод, покрај на македонски јазик и на албански јазик. Употребата на албанскиот јазик е биолошко право, рече Снопче.
Левица и ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесоа барање за интерпелација на Џафери откако тој на состанок во ЕП се обрати на албански јазик, а причини се и преводи во Собранието и седницата на која гласаа двајца пратеници заболени од Ковид облечени во скафандери.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање