Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Да се објави нацрт текстот на договорот со Бугарија
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски, Никола Попоски, Емил Димитриев и Владимир Ѓорчев денеска упатија писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров со кое бараат да се објави нацрт текстот на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, како и дискусија во Собранието за националните позиции на оваа тема.
Во писмото се наведува дека во рамки на официјалната комуникација од македонски владини институции, срамежливо се потврдува оти текстот на договорот е усогласен, како и дека во јавноста се остава впечаток дека се прифаќа текст кој Владата посакува да го формализира надвор од очите на јавноста. Истото, стои во писмото, е извор на загриженост.
Како што истакнуваат пратениците, „загриженоста може да биде надмината преку споделување на нацрт текстот или на усогласениот текст на договорот, со пратениците во Собранието на Република Македонија, како претставници на граѓаните“. Тоа, посочуваат, би било и во духот на ветувањата за транспарентност во работењето од страна на претседателот на Владата Зоран Заев, како и на исказите на министерот за надворешни работи пред Комисијата за надворешна политика дека текстот на договорот ќе биде споделен со пратениците во Собранието на Република Македонија, чија инклузивност самите ја имате побарано.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Владата на Република Македонија се уште стои на тоа дека, како што наведуваат во писмото, ќе работи заедно со опозицијата за прашања од национален интерес и гарантира транспарентност или веќе во првата прилика ги газите принципите што ги најавивте, а од опозицијата очекувате да ги поддржи вашите договори без да може да учествува во процесот.
Ново на Сител
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата