Македонија
26. May 2022 - 21:16

Пратенички прашања во Собранието

Во пресрет на нови поскапувања на струјата и гасот, ребалансот ќе овозможи полесно справување од кризата, тврди премиерот Ковачевски. Одговарајќи на низа прашања од пратениците во Собранието, Ковачевски меѓу другото реферираше за причините за носење ребаланс, како и за конкретната прераспределба на парите.

Пратениците од опозицијата не ја прошуштија можноста да прашаат и за скандалот, што неодамна одекна во јавноста, за малверзации со ДДВ од страна на некои фирми со што, како што велат, буџетот бил оштетен за износ помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Пратениците побараа одговори од Владата и за многу други теми, како состојбите во образованието и во предучилишниот воспитно-образовен процес, за малверзациите околу исплаќањето на покачениот минималец во приватниот сектор, за реализацијата на инфраструктурни проекти, меѓу кои долгогодишната изградба на автопатот Кичево-Охрид.