Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска позитивна на Ковид-19
Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, е позитивна на Ковид-19. Таа на својот фејсбук профил соопшти дека попладнево ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание и оти по тестирањето добила позитивен резултат на коронавирус.
– Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се, пишува пратеничкат Славјанка.
Воедно, Петровска за јавноста е позната како дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во време на техничката влада.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости