Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлогот за распуштање на Собранието на 12 февруари
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлогот за распуштање на Собранието на 12 февруари за предвремемните избори на 12 април, најави денеска координаторот на пратеничката група на партијата Никола Мицевски.
- Пратеничката група се реши на ваков чекор бидејќи покрај исполнетоста на сите услови деновиве гледаме како лидерот на СДСМ Зоран Заев деновиве излегува со нови услови со носење на закони од само него познати причини и кои само за него се услови за избори. СДСМ за 3 години направи штета на националните и државните интереси и штети на секојдневниот живот на граѓаните. Македонија никогаш не била поподелена и тоа мора да запре. Доведени сме до поттчинетост поради прифатени недостоинствени предлози, нема реформи во образованието, инвазија на иселување, лошо здравство, загрозување на животната средина и прекршување на уставот. Граѓаните на 12 април треба да одлучат по кој пат треба да тргне државата - рече Мицевски.
Тој ги повика и станатите партии да го поддржат предлогот за распуштање.
Во однос на Законот за обвинителство и притисокот тој да биде донесен од овој паралементарен состав Мицевски вели дека се работи за едностран и партиски предлог на власта. За нив е прифатлив само закон изработен од експерти и доколку тоа се прифати веднаш би го гласале.
- Периодов гледаме како СДСМ едностравно да донесе закон и да воспостави целосна контрола врз обвинителство и да го претсави како услов за евроинтеграциите. Се работи за едностран предлог и спротивен на мислењата на експертите по уставно и кривично правна материја. ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за обвинителство туку е против партиски закон со кој ќе се заштити нечиј криминал. Секое законско решение кое е изготвено со консензус и во дослух со експертскта јавност ние сме спремни да го гласаме. Доколку 6те професори го направат законот безусловно ќе го прифатиме - рече Мицевски.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени