Прашањето за името една од главните теми во разговорите на Могерини во Атина
Турција, Кипар и спорот за името на Македонија биле клучните прашања за кои вчера во Атина разговарала високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини со премиерот Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.
По средбата со Коѕиас, Могерини ја истакна важноста на Балканот и нагласи дека регионот ќе биде приоритет за Унијата. Таа изрази уверување дека во наредните месеци ќе има повеќе можности да се направи напредок во разговорите меѓу Атина и Скопје за спорот околу името, и меѓу Приштина и Белград за тешкотиите кои ги имаат двете земји меѓу себе.
Коѕиас рече дека Грција во целост ги поддржува напорите на ЕУ за влез на Западен Балкан во европското семејство. Тој повтори дека Атина ја поддржува целта на Скопје за влез во Унијата откако ќе биде решено прашањето за името. Коѕиас додаде дека „се надева оти решавање на прашањето за името сега ќе биде полесно отколку во минатото, со оглед на промената на власта во Македонија“.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани