Македонија
17. December 2020 - 12:20

Прашајте ја Владата, не е моја надлежност назначувањето на Андов за директор на „Шутка", кажа Спасовски

Прашан за именувањето на Филип Андов за директорот на КПД Затвор Скопје, министерот Спасовски потенцира дека тоа не е надлежност на министерот за внатрешни работи, ниту е надлежност на МВР.

– Тоа е исклучиво во надлежност на Владата на РМ и затоа ќе мора сите информации кои ви се потребни да ги побарате од Владата. Инаку, јас не сум член на Комисија за избори и именување во Владата во овој мандат, одговори Спасовски.

На барање на новинарите да одговори на кој начин се бираат овие директори, Спасовски појасни дека заседава Комисија за именувања, дава предлог до Владата, а Владата одлучува.

Упати сите прашања во однос на кој било именуван функционер од страна на Владата да се бараат од вадините портпароли.