Познатиот холивудски режисер работи на хорор филм за Харви Вајнстин
Режисерот Брајaн де Палма изјави дека во моментот пишува сценарио за хорор филм што ќе се базира на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.
Де Палма, кој ги има режирано и филмовите „Кери“ и „Лице со лузна“, изјави дека внимателно го следи целиот случај.
Вајнстин се соочува со бројни тужби за силување и други видови на сексуално злоставување. Тој минатата седмица беше уапсен во Њујорк, откако претходно сам и се предаде на полицијата.
Неговите адвокати соопштија дека тој ги отфрла сите обвинувања.
-Познавам многу луѓе кои се засегнати од скандалот. Ги слушав нивните приказни низ годините. Должност на режисерот е да стекне довербата кај актерите. Злоупотребата на било кое ниво е најлошата работа што режисерот може да ја направи, истакна Де Палма.
Вајнстин за сексуално злоставување и вознемирување го обвинија над стотина жени.
Ново на Сител
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација
-
САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел
-
Сообраќајот умерен, застои нема
-
Сончево и топло, до 27 степени