-->
-->
Познати бараж двојките за ЛШ
-->
Во седиштето на УЕФА денеска беше извршено извлекувањето на двојките за баражот за Лигата на шампионите. Победниците од 10-те двојки ќе се пласираат во натпреварите од групната фаза. Поранешниот европски шампион Ливерпул за да се избори за пласман во групите ќе мора да го мине германскиот тим Хофенхајм.
Данскиот првак Копенхаген, кој го елиминираше Вардар ќе игра против Карабах од Азербејџан.
Во баражот двојките се:
Карабах – Копенхаген,
АПОЕЛ – Славија Прага,
Олимпијакос – Риека,
Селтик – Астана,
Хапоел Бер Шева – Марибор,
Башикшехир Истанбул – Севиља,
Јанг Бојс – ЦСКА Москва,
Наполи – Ница,
Хофенхајм – Ливерпул и
Спортинг – СБ.
Првите натпревари се играат на 15 и 16.август, а реванш дуелите на 22 и 23.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата