Џет-Сет
15. February 2017 - 11:04

Познатата водителка ја снајде невиден малер

Познатата водителка Мелита Ракичевиќ утрово била во шок кога пред зградата во која живее го затекнала својот автомобил видно оштетен, без неколку надворешни делови на него.
Се работи за нејзиниот луксузен автомобил од марката „мерцедес“, вреден речиси 50.000 евра.
 
Од автомобилот најверојатно со метална прачка биле откорнати повеќе делови, односно биле извадени фаровите, браникот, но била оштетена и каросеријата.
 
Инаку и пред неколку недели беше оштетен истиот автомобил на Мелита. Врз него беше истурена солна киселина и беше направена штета од неколку илјади евра.