Џет-Сет
18. January 2017 - 16:16

Познатата водителка доживеала хорор на снимање: Среде емисија ја бркале со пушка

Водителката на емисијата ДНК Наташа Аксентијевиќ многу пати досега се нашла во разни незгодни ситуации.

„Имаше моменти кога со пушка ме бркаа, а тоа беше една зима кога одевме во едно село. Екипата избега во комбето, само јас останав“, раскажува водителкта.

Таа раскажа и што највеќе ја изненадило во текот на посетите кај луѓето.
 
„Приметив дека во тие куќи е доста ладно и дека луѓето во Србија не одат на забар“, вели таа.