Џет-Сет
31. July 2016 - 13:36

Познатата пејачка се разведува по 12 години брак

45-годишната пејачка Мери Џеј Блајџ се разведува по цели 12 години брак. Непознато е дали пејачката и нејзиниот сопруг Мартин Исакс имале предбрачен договор. Инаку, парот нема дечиња.
 
- Тој може да се гледа со други жени, а јас со други мажи. Не ми пречат неговите пријателки, нема забрани во нашиот брак, изјави пејачката пред неколку години, но изгледа сепак љубомората си го направи своето.
 
Како причина за разводот се наведуваат разликите меѓу нив кои биле ненадминливи.