Позната судбината на таткото и синот кои ги сопна унгарската снимателка
Сирискиот фудбалски тренер Осама ал Абд ал Мохсен и неговиот седумгодишен син, кој се најдоа во центарот на светската јавност откако беа објавени снимките на кои се гледа како на унгарската граница ги сопнува снимателката Петра Ласло, безбедно пристигнал во Германија.
Мохсен во саботата пристигнал во Минхен со седумгодишниот син, а како што изјавил патувал 12 дена од Турција до Германија.
-Еден дел од патот го поминавме со автобус, а друг дел пешачевме, кажал тој.
Спомнувајќи се на немиот настан кој се случи на српско – унгарската граница, Мохсен кажал дека во еден момент толпата станала фрустрирана и дека не им било дозволено да поминат.
-Ситуацијата беше хаотична, луѓето почнаа да се буткаат. Не видов кој ме бутна, дали тоа беше полицаец или камерман. Само паднав на земја, држејќи го синот во рацете, раскажал тој.
Додал и дека преноќил кај пријател во Минхен, а дека планира да смести во хотел.
-Во иднина сакам да ја донесам и мојата сопруга и другите деца. Не сакам да патуваат како мене, туку тоа да го сторат по легален пат, кажал Мохсен, наведувајќи дека во Сирија живееле најнормално се додека не почнала војната.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец