Џет-Сет
4. August 2015 - 9:56

Позната актерка претепана и избркана од својот дом

 
Српската актерка Мина Лазаревиќ (40) ноќта меѓу петокот и саботата ја претепал нејзиниот сопруг Горан Станиќ (42). Иако инцидентот се случил ноќта меѓу петокот и саботата, актерката семејното насилство во полицијата го пријавила дури следниот ден. 
 
Како што дознаваме, по жестоката расправија во петокот вечерта Горан физички ја нападнал Мина и ја избркал од стан. Никој не знае каде  актерката ја поминала ноќта така претепана по целото тело и глава и зошто истиот момент не повикала полиција. 
 
- Мина во станицата во Новиот Белград се појави неделата и со себе имаше извешај од лекар за повредите. Потврдено е дека модриците и отоците се како последица на тепањето. Таа на  дежурниот инспектор му признала дека нејзиниот сопруг ја претепал во петокот вечерта, потврдуваат извори од белградската полиција.