-->
-->
Познат ракометар доживеа тешка сообраќајка
-->
Додека влечната служба го извлекувала автомобилот од ендекот, Балиќ позирал со обожавателите. И покрај сѐ што преживеал, бил добро расположен и се фоткал со секого
Слушнавме силен удар. Погледнавме низ прозорец, но ништо не се гледаше. Дури кога излеговме, во ендекот пред куќата го видовме автомобилот, раскажуваат станари од Савска улица во Врбовец крај Загреб, каде што во неделата околу 11.30 часот со VW Passat слетал славниот ракометар Ивано Балиќ (36).
- Беше сам, го прашавме дали му треба помош и дали треба да викаме Брза помош, но одби. Сам повика полиција и влечна служба и мирно чекаше да дојдат – велат станарите пред чијашто куќа слетал Балиќ.
Кога дознале децата од улицата кој се забил во нивниот ендек, побрзале да се фоткаат со него и да му ги донесат ракометните топки што ги имаат дома за да им ги потпише, а Балиќ никого не одбил и на сите деца им ги исполнил желбите.
Мештаните тврдат дека улицата е во лоша состојба и дека имаат чувство дека е проколната.
- Во последниве денови во тој ендек слетаа најмалку десет автомобили. За среќа, засега никој не загинал, но имаше тешко повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба