-->
-->
Познат идентитетот на нападнатите ракометари
-->
Според информациите од МВР, 24-годишниот Д.М. и 34-годишниот Н.Т. била нападнато од страна на хулигани, при што биле оштетени нивните возила.
Нападот врз македонските ракометари се случил утринава околу 4 часот во Скопје кога поголема група непознати лица по расправија со нив фрлале со бекатонски плочки кон нив при што еден од нападнатите се здобил со скршeница на раката, а им биле оштетени и возилата.
Според тврдењето на сведоците, напаѓачите биле дел од навивачка група, а до инцидентот дошло по вербална расправија меѓу поголемата група и ракометарите во близина на ресторанот „Силбо“, кај булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Од МВР потврдија дека се случил инцидент, но велат дека нема пријава за тепачка, односно за нарушување на јавниот ред и мир. Исто така, велат дека не била пријавена ниту повреда кај ракометарите. Пријавата била за оштетување на патничко возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар