Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повторува позицијата со која ја дели загриженоста на ЕУ, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание.
-Во врска со објавите на медиумите во однос на Заедничката изјава во Советот за човекови права на Обединетите нации, иницирана од Литванија, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ја повторува позицијата која и во текот на вчерашниот ден беше доставена како одговор на новинарско прашање, дека Северна Македонија ја дели загриженоста на ЕУ којa се однесува на споменатиот закон, што е впрочем наша принципиелна позиција и за слични закони во други држави, се наведува во соопштението на МНР.
Соодветно, додаваат оттаму, ја поддржуваме и заедничката изјава на Литванија дадена во име на група земји, на која се придруживме и која e објавена на официјалната страница на Советот за човекови права, што е вообичаена пракса.
https://mission-geneva.mfa.lt/mission-geneva/en/news/56th-session-of-the...
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати