Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат.
Тие денеска интервенирале со седум возила и 20 пожарникари. Од пожарот, како што информира Центарот за управување со кризи, зафатена била површина од 5000м2, жито и еден магацин со градежни материјали, како и дворот од хотелот.
- Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот „Њу Стар“, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните. Центарот за управување со кризи апелира до сите надлежни институции и локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои претставуваат непосредна опасност за животната средина и јавното здравје, стои во објавата на ЦУК на Фејсбук.
Оттаму информираа дека директорот на ЦУК, Мухамед Али, утрово испратил ново барање до надлежните институции со цел да се преземат конкретни активности за решавање на проблемот со дивата депонија. Во текот на минатата недела, како што се информираат од ЦУК, тој повеќекратно испратил официјани барања до надлежните институции.
- Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за БППЗ, која често е ангажирана на истата локација, велат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди
-
Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената
-
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци
-
Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи
-
СДСМ со честитка за Денот на Армијата
-
ВМРО-ДПНЕ: Владата ќе откупува пченица од македонските земјоделци за државните резерви
-
ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја
-
Поевтинуваат бензините и дизелот