Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари
Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови - три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески.
На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.
На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.
Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот.
Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.
Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци