Пожарникарите на терен цел ден, еве каде беснеа пожари
На територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден се регистрирани неколку пожари.
Вчера околу 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на с.Цер, кичевско, настанал пожар на локалниот пат с.Цер - с.Стаорец, каде била опожарена сува трева и борова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Истиот ден во 14.10 часот во Полициското одделение Групчин било пријавено дека во кругот на основното училипте во с.Групчин, тетовско, настанал пожар, при што горела сува трева. Во 14.45 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Претходно околу 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека над с.Колибари, кичевско, настанал шумски пожар, при што гори нискостеблеста дабова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Околу 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на местото викано „Купеник“, покрај регионалниот пат Тетово - Попова Шапка, настанал пожар, при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Во петокот околу 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека помеѓу струмичките села Самоилово и Стиник настанал шумски пожар, при што горела дабова шума. Вчера околу 10.00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Работниците во фабриките на Форд во германскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат
-
Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
-
Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026