Македонија
8. February 2023 - 9:38

Пожарникари од Кавадарци заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција

Девет пожарникари од Кавадарци ги прават последните подготовки и во најскоро време заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција. Оваа информација ја потврди за МИА Александар Чадамов, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица. 

- Заминуваме со две моторни возила и неопходна опрема. Обучени сме да помагаме во вакви ситуации. Според првичните најави, таму треба да останеме десетина дена. Но, ќе бидеме таму додека има потреба од наша помош, рече Чадамов, апелирајќи да помогнат сите, во рамките на своите можности.