-->
-->
Пожарите во Австралија не губат на сила, уште една тешка ноќ за пожарникарите
-->
Ситуацијата со пожарите во Австралија не се менува ни денеска, а на југоистокот од континентот два шумски пожара се споија и формираа еден уште поголем, во кој еден човек се здобил со сериозни изгореници бранејќи го својот дом, соопштија австралиските власти.
Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот што бил разнесуван од силните ветрови, додека громовите во Нов Јужен Велс и Викторија предизвикале нови пожари.
Власта ја проценува штетата од новите пожари во овие две најодалечени австралиски држави, по ноќешните борби со пожарите заради влошените временски услови.
Во Австралија денеска има малку подобрени временски услови, а релативно убаво време се прогнозира и за цела следна недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни