Пожари во рускиот град Белгород - наводно експлодирал украински дрон | ВИДЕО |
Во руски Белгород синоќа избувнале два пожара, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Русија известуваат за експлозија на дрон.
„Два пожара се случија во цивилни згради во градот Белгород и во областа Белгород. Нема жртви. Ангажирана е итна помош, пожарите се гаснат“, најави Гладков.
Руската Би-Би-Си ја пренесе објавата на каналот на Телеграм, Блатгород, кој објави видео од пожарот. Каналот соопшти дека пожарот наводно бил предизвикан од напад на дрон.
Некои извори пишуваат за напад на термоцентрала, други за напад на трафостаница. Во текот на ноќта прекин на струја имало во дел од Белгород.
Повеќето руски извори го нарекуваат дронот украински. Се уште нема сигурни потврди и деманти, како и официјални изјави.
За потсетување, беспилотно летало од непознато потекло падна во вторник на 11 април во реонот на аеродромот во Белгород, потврди за руската државна новинска агенција РИА Новости претставник на службите за итни случаи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?