Македонија
21. May 2022 - 21:17

Пожар во хотелот „Буши“ во Скопје - десетина повредени

Голем пожар во познат ресторан во Старата скопска чаршија. Повредени се најмалку 10 луѓе, главно вработени во ресторанот, но сите се во добра здравствена состојба. Задржан е само еден пациент во 8-ми септември, но според информации од болницата, тој е во добра здравствена состојба.

Според информации од терен, пожарот најверојатно избувнал во кујната од плинска боца, но вработените не слушнале експлозија. Огнот брзо се проширил и во другите простории од ресторанот. Во моментот на пожарот гости немало, но вработените се подготвувале за свадба со околу 300 гости. За среќа тие се уште не биле пристигнати.