Македонија
4. October 2018 - 15:08

Пожар во автолимарска работилница во Прилеп

Избувна пожар во автолимарска работилница во Битола. Според информациите на полицијата на полноќ во 00:00 часот било пријавено дека во автолимарска работилница на улица „Прилепска“ во Битола, сопственост на Н.П. (52), настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.