Македонија
5. February 2023 - 20:44

Пожар помеѓу селото Миладиновци и рафиниријата ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во Скопско.

Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева.

- На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и припадници на полицијата. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот, од пријавувањето до сега, нема опасност од негово проширување, додаваат од ЦУК.