-->
-->
Пожар на планината Беласица
-->
На планината Беласица од страната на Валандово денеска избувна пожар Огнената стихија споро се шири кон делот на планината што гравитира кон Струмица.
Според информации од ТППЕ Струмица гори над селото Дорломбос, во близина на спомен обележјето на петтемина убиени струмички студенти.
На местото на пожарот се екипи на Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, кои го контролираат пожарот. На местото на пожарот нема пожарникари.
Попладнево струмичките пожарникари гаснеа пожар во близина на селото Водоча. Со брза интервенција пожарот е угаснат и не е дозволено да се доближи до стопански и станбени објекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес