-->
-->
Пожар на автопатот Велес-Градско
-->
Екипа на велешката противпожарна единица за 13 минути го изгасна пожарот на просторот меѓу двата коловоза на автопатот Велес – Градско, кај патарините, во кој според првичните сознанија изгореле од 30 до 40 дрвца и трева.
Во гаснењето на пожарот учествувале едно возило и тројца пожарникари. Огнот предизвикал густ чад, кој го отежнувал одвивањето на сообраќајот на автопатот.
Пожарот бил пријавен во 12,25 а изгаснат во 13,35 часот.
Од ТППЕ Велес потенцираат дека иако нема поголеми материјални штети, неповратно се изгорени четириесетина дрвца кои се зелена оаза за возачите на овој патен правец.
Тие воедно апалираат до возачите да не фрлаат догорчиња од цигари од прозорец, бидејќи поради високите температури лесно може да предизвикаат пожари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда