Повторно убиство на Афроамериканец во САД
Еден млад човек почина (19) и едно лице е во критична состојба, откако непознат напаѓач од црно теренско возило отвори оган со автоматска пушка врз демонстрантите кои се собраа во Сиетл.
Убиството се случи во два часот наутро, а полицијата интензивно трага по напаѓачот.
Нападот се случи веднаш до барикадите што беа поставени за да се обезбеди митингот „Black lives matter“. Едnо лице почина на лице место додека друго лице, со тешки телесни повреди, било пренесено во болница и лекарите се борат за нејзиниот живот.
Од полицијата соопштија дека во тек е интензивно пребарување на еден или повеќе напаѓачи кои избегале од местото на настанот веднаш по злосторството.
Според нив, полициските службеници морале да се соочат со „разгневената толпа“, што ги спречило да се приближат кон жртвата и да и пружат помош.
Човекот кој ја повикал полицијата изјавил дека вооружен маж излегол од црно теренско возило со автоматско оружје и почнал да пука. Повредените биле веднаш однесени во блискиот шатор поставен од демонстрантите во Сиетл, но немало помош за младиот човек.
Организаторите на протестот тврдат дека напаѓачот е бел и дека жртва на нападот е Афроамериканец.
За потсетување, протести се одржуваат насекаде во САД поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на бруталното апсење во Минесота.
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП