Повторно се зголемува количеството јаглероден диоксид што се испушта во атмосферата
Британско истражување покажа дека количеството јаглероден диоксид што се испушта во атмосферата се зголемило за два процента во 2017 година, достигнувајќи околу 41 милијарда тони.
Зголеменето испуштање на гасот доаѓа по три години, во кои не беше забележан раст во испуштање на СО2, гасот за кој научниците предупреуваат дека предизвикува ефект на стаклена градина и ја загрева планетата, јави новинската агенција ДПА.
Научници од британскиот Универзитет на источна Англија го мереле испуштањето на јаглероден диоксид од страна на индустриските капацитети и сите други извори на СО2 за кои е одговорен човекот. Тие го објавија своето истражување во повеќе научни списанија, а во пресрет на климатската конференција која се одржува во Бон, Германија.
Истражувањето покажало дека САД и Европската Унија го намалиле количеството испуштен јаглероден диоксид за 0,4 односно 0,2 проценти, но се проценува дека зголеменото горење на јаглен во Кина и во САД ќе го анулира напредокот постигнат во изминатите четири години.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците