Македонија
24. January 2022 - 12:24
Повторно се пали трската во Охридското Езеро
Повторно се пали трската на брегот од Охридското Езеро.
Пред само неколку дена на потегот помеѓу Струга и Калишта беше опожарена трска со површина од околу 10 илјади метри квадратни сопственост на државата. Екологистите алармираат дека постојано се узурпира крајбрежјето за изградба на угостителско –хотелски објекти и плажи.
Трската е важен дел од природниот екосистем. Таа е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето,но и заштитник на Охридското Езеро од ерозија.
Екологистите бараат надлежните , како на локално така и на централно ниво, да се активираат и да преземат ригорозни мерки против оние што ја уништуваат трската, а со тоа и целиот биодиверзитет што живее во неа.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->