Повторно четирицифрен број новозаразени во Грција, уште три градови во мини карантин
Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот, а во изминатите 24 часа бројката е помала од вчера, односно 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица.
Половина од случаите, повторно се во областа Атика (335) и во Солун (275).
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и официјално го соопшти она што претпладнево го најави грчкиот премиер дека градовите Солун, Лариса и Родопи од северниот дел на земјата влегуваат во црвената фаза, што значи дека се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, односно од утре наутро се воведува мини карантин.
Отворени ќе бидат продавниците и училиштата.
Хардаљас рече дека одлуката трите градови од портокалова да преминат во црвена (зголемена опасност) е базирана на податоците и ситуацијата од изминатите денови.
-Во регионалната единица Солун во овој момент има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти кои што се во домашна изолација, а просечната возраст на случаите во изминатите денови се зголеми на 35,5 години. Во исто време во Лариса, во овој момент има 343 активни случаи на просечна возраст од 37 години, а од проверката на контактите произлезе 721 близок контакт. Во Родопи имаме 217 активни случаи, на просечна возраст од 30 години, а блиските контакти се 488, рече Хардаљас и објасни дека просечната возраст како и проверката на контактите покажуваат дека случаите се поврзани со забави, спортски активности и масовни собири.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на почетокот од денешната владина седница откри дека утре ќе соопшти, нови мерки, односно како што рече „нов акционен план во траење од еден месец“ и уште еднаш повтори дека намерата е да се избегне целосен карантин.
Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починаа 615 лица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка