-->
-->
Повторно активиран пожарот кај охридските села Вапила и Сирула
-->
Повторно активиран пожарот меѓу охридските села Вапила и Сирула, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.
Според информацијата, пожарот се активирал околу 19 часот, но нема опасност по населението.
– Пределот е карпест со ниска вегетација, но нема сериозна опасност за луѓе и материјални добра, теренот е непристапен. На лице место се присутни претставници од ДСЗ и вработени од јавното претпријатие Национални шуми, кои моментално вршат обиколки и проценка на состојбата, стои во информацијата на ЦУК.
Претходно ЦУК излезе со информација дека пожарот е целосно изгаснат.
Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе ја проценуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори