Балкан
21. July 2022 - 19:40

Повторно активен пожарот во Словенија

Огромни пожари беснеат на словенечко-италијанската граница. Околу 1.100 пожарникари веќе втор ден се борат со огнената стихија, а гаснењето на пожарот дополнително е отежнато поради неексплодираните бомби на таа територија останати од Првата светска војна. На терен се ангажирани словенечки, италијански, но и пожарникари од Хрватска и Австрија, а помагаат и локалните жители.

Се проценува дека е ова е најголемиот пожат регистриран до сега во Словенија. Евакуирани се над 400 лица, а армијата е ангажирана за снабдување со вода, храна, а обезбедува и медицинска помош и времено сместување во околината.