-->
-->
Повредено едно лице во сообраќајка во Куманово
-->
Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19:25 часот на крстосницата на булеварот „Трета Македонска Удрана Бригада“ и улицата „Видео Смилевски - Бато“ во Куманово, соопшти денеска МВР.
Во сообраќајната несреќа учествувал автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 29-годишниот Г.М. и мопед „апрлија“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал М.Ј. (1996). По несреќата, возачот на моторот М.Ј. е хоспитализиран во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увидот што вчера го извршила екипа на СВР Куманово ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски