Повредени работници при пад од скеле
Тројца работници вчера кај клучката во село Миладиновци биле повредени при пад од скеле високо 5-6 метри.
Од МВР денеска соопштија дека во 9:30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во ГОБ „8-ми Септември“ биле донесени повредени лицата: Б.С. (34) од село Табановце-кумановско, С.В. (48) од село Биљановце-кумановско и З.К. (45) од село Чашка-велешко, вработени како работници во фирмата „Синтек-Инжинеринг“ ДООЕЛ-Скопје. Повредените кои околу 8 часот на автопатот Скопје-Куманово, поточно кај клучката во село Миладиновци, додека биле качени на монтажно скеле на висина од околу 5-6 метри и изведувале градежни работи, паднале откако една од жабките од скелето се откачила.
Од падот Б.С се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на пршлен од рбетен столб и повеќе рани на главата и лицето, додека со телесни повреди се здобиле С.В. рани на темето на главата и набиеници по целото тело и З.К. со набиеница под десното колено и набиеница на карлицата. По укажаната лекарска помош З.К. бил пуштен на домашно лекување, а Б.С. и С.В. се задржани на понатамошно лекување.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“