Повредени осум лица во Скопје
Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајќи е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, 56 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени десет возачи кои биле под дејство на алкохол, седум кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани.
Сообраќајната полиција издала 76 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.
Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престројување, четворица за не правилно престигнување и шест возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата.ј
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер